НОВ ГАФ - На КОЈ НАРОД му припаѓа премиерот во заминување Зоран Заев? (ВИДЕО)

30.11.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
НОВ ГАФ - На КОЈ НАРОД му припаѓа премиерот во заминување Зоран Заев? (ВИДЕО)

Премиерот заминување Зоран Заев со нов гаф каде се обидува да го редефинира македонскиот народ и да му даде нов назив.

Тој при неговиот говор во Сараево не само што кажа политичка, правна небулоза, туку обидувајќи се да ја избегне придавката македонски рече дека македонскиот народ бил мултиетнички.

Мултиетнички можат да бидат државата или општеството но народот може да биде само македонски, турски, албански, српски итн, односно како историски создадена заедница со заедничко потекло, јазик и културна традиција.

Со ова се потврдуваат тврдењата на јавноста дека владата во заминување на СДСМ и Зоран  Заев, не само што се откажа од името на Република Македонија туку се откажува од македонскиот идентитет.

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата