Милан Поповиќ: Северина ПРАВЕШЕ НЕКОИ РАБОТИ КОИ МАЈКА НЕ БИ СМЕЕЛА

30.11.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Милан Поповиќ: Северина ПРАВЕШЕ НЕКОИ РАБОТИ КОИ МАЈКА НЕ БИ СМЕЕЛА

Милан Поповиќ, поранешниот сопруг на Северина,  ја коментираше пресудата дека старателството на нивниот малолетен син му припаѓа нему. Тој посочува дека детето ќе може да ја види својата мајка, пејачката Северина Којиќ, кога и да посака, без оглед на пресудата.

- Како што знаете, јас активно се залагам за заедничко родителство и имам намера да продолжам да го сторам тоа. Секако, најпрво ќе и предложам на Северина детето да биде и со неа ако сум спречен заради некои други обврски и дека максимално ќе ја вклучам во сите важни теми што се однесуваат на детето, доколку сака - рече Поповиќ.

- Оваа пресуда требаше да биде изречена уште многу одамна. Постапката беше одложена поради неуспехот на Северина да присуствува на рочиштата и тактиката за постојано одложување на пресудата на нејзиниот тим адвокати. Дали сум задоволен или незадоволен, не е важно во овој момент. Поентата е дека овој вид пресуда е најдобра за нашето дете.

Поповиќ рече дека не може да одговори на прашањето дали сметал дека Северина е лоша мајка.

- Но, факт е дека неодамна се случија работи што една мајка не требаше да си ги дозволи самата. Не станува збор за киднапирање на детето од страна на мајката, бидејќи ПР тимот на Северина упорно се обидува да го прикрие тоа во медиумите. Детето едноставно ќе помине повеќе време со мене во иднина и помалку со мајка му.

- Не можам да зборувам за деталите во врска со детето - рече Поповиќ кога го прашале како му објаснил на својот син дека ќе живее со него. Нашите права отсекогаш биле и ќе бидат еднакви, се надевам дека Северина наскоро ќе разбере и дека ќе можеме конечно да имаме прекрасно мирно детство на нашиот син - објасни тој, додавајќи дека Северина не го му се јавила откако ќе му го предадала синот, и дека таа не разговарала со него неколку години.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата