Адвокат Пертемов: Уставниот суд е во право, АБОЛИЦИЈА НЕ МОЖЕ ДА СЕ ПОВЛЕЧЕ

30.11.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Адвокат Пертемов: Уставниот суд е во право, АБОЛИЦИЈА НЕ МОЖЕ ДА СЕ ПОВЛЕЧЕ

Уставен суд да ги разгледа претставките поднесени за уставноста за Договорот од Преспа и Законот за двојазичност. Секој дипл.правник ќе ти каже дека еднаш дадена аболиција од Претседател на држава не може да ја отповика никој, дури и Претседателот кој еднаш ја потпишал.

Тоа го потврди и Врховен суд во Грција, а така е и во цел свет. Тоа што гледавме циркус изминатите 3 години кога се покренуваа обвиненија на аболицирани лица, па судења,пресуди беше незаконски и неуставно, и тоа го знае секој и сето оваа ќе падне во Судот за човекови права во Стразбур.

Уставни судии, огласете се за неуставната промена на нашето уставно име Република Македонија,и поништете го Договорот од Преспа. За сите дела и недела на СЈО,секое засегнато лице,нега си ги бара своите права пред повисоките инстанци.Вие сте суд,кој пред се и над се треба да го штити Уставот на Република Македонија.

Никогаш северна.
Само Република Македонија !
Уставен или У'ран суд,вие сте на потег.

Адвокат Пертемов Милош

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата