СЕ ДРЖЕЛЕ ЗА РАКА: Од урнатините во Драч извадени телата на мајка и син

27.11.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
СЕ ДРЖЕЛЕ ЗА РАКА: Од урнатините во Драч извадени телата на мајка и син

Министерството за одбрана на Албанија информира дека пред малку од урнатините во Драч, извадени се две нови тела. Се работи за Долора и Клаус Речи, мајка и син.

Безживотните тела се извадени од шесткатната зграда која беше срушена од силниот земјотрес од 6.3 степени.

Мајката и синот во моментот кога се извадени биле фатени за рака, додека под урнатините се наоѓале од вчерашниот ден.  Тие биле извадени од страна на екипите за помош кои дошле од Романија.

Инаку Владата на Албанија донесе одлука сите настрадани од земјотресот да бидат компензирани.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата