КРИМИНАЛНА ПИРАМИДА? Павле Гацов – СВЕДОК на СЈО, ВЕШТАК на СЈО, ХОНОРАРЕЦ на СЈО - ќарил 3.2 милиони државни пари од тендери!

25.11.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
КРИМИНАЛНА ПИРАМИДА? Павле Гацов – СВЕДОК на СЈО, ВЕШТАК на СЈО, ХОНОРАРЕЦ на СЈО - ќарил 3.2 милиони државни пари од тендери!

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во гостувањето во емисијата „Што не е јасно“ на АЛФА ТВ истакна дека постои спрега меѓу Зоран Заев, СДСМ и СЈО и дека СЈО немаше цел да го направи она за што е формирано, а тоа е да открие кој прислушкуваше и да го гони високиот криминал во државата, туку имаше за цел да врши прогон на политичките неистомисленици на СДСМ.

Деновиве гледаме дека улогата на СЈО малце се зголемила, па СЈО станало главен финансиер на СДСМ, односно гледаме дека врвните функционери на СДСМ, директори на полиција, директори на алфи, на финансиска полиција, советници на министри, синови и ќерки на директори на катастар итн. земале басностовни суми како хонорари што значи дека СЈО директно го финансирал СДСМ – посочи Николоски.

Тој наведе и дека спрегата помеѓу СЈО и СДСМ докажува дека Македонија имаше неправда, а не правда во овие години со СЈО, што целосно ја уништи идејата на тоа обвинителство.

Во разговорот беше спомната улогата на надворешниот советник на министерката за финансии, Павле Гацов, лиценциран вештак за економски вештачења, Во разговорот беше спомната улогата на надворешниот советник на министерката за финансии, Павле Гацов, лиценциран вештак за економски вештачења, кој без статус на правно лице зад себе, согласно член 5 од Законот за вештачење, во рекордни рокови ги потврдуваше обвиненијата на СЈО во своите вештачења.

Гацов е сведок во еден од случаите на СЈО, a во четири наврати има заработено од СЈО 3600 евра

Постојат сериозни сомнежи за непристрасноста на Гацов во сите случаи на СЈО.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата