Понеделнички

Дигни глава и кажи му - не!

24.11.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Дигни глава и кажи му - не!

Кога не би бил претседател и јас би заминал од Македонија, рече претседателот на државава Стево Пендаровски, и си ја закопа кариерата со реченица која ќе му ја памтат цел живот. Да предводиш и претставуваш држава во која ни самиот не веруваш не е нешто што може да му се заборави на еден претседател.

Откако виде што беља направил, Пендаровски се дотепа кога рече дека зборовите му се ставени во контекст на дневна политика! А во кој контекст да му ги стават? Контекст на туризам, на екологија... Тој е врвот на македонската политика и секој негов гест и збор се во политички контекст, особено за бегање од државата.

За претседател кој на избори изјави дека стока, стадо Македонци гласа против него ова е само логичен след. Тој со стока во стадо не сака да живее, ама ете го избрале, му дале титула, вила на Водно, добра плата, привилегии, буџет... па мора привремено да седи тука. Инаку, би му ја здувал во прва прилика.

Со оглед на тоа дека на Бојко Борисов му се обраќа со “кај си љубави“, а во секоја прилика се труди да истакне дека Македонија треба уште повеќе да им се испорача на Албанците, некој ќе очекува дека по функцијата ќе замине за Бугарија или Албанија. Секако не за Србија, бидејќи не разбирал српски а албанскиот го владее од мал, мајчин јазик му е откако со Преспанскиот договор се поништи Македонија, после што Пендаровски и Шекеринска на раат безбедносните служби и специјалците од војската ги алабанизираа целосно. Во Латинска Америка нема екстрадиција за нас, а Пендаровски латинскиот го владее течно како и потпретседателот на САД Ден Квејл кој се вратил од Бразил убеден дека научил латински. 

Толку години Пендаровски помина во полицијата, па кај Црвенковски во кабинет, и од сето тоа време научи дека од Македонија држава не бива и треба да се замине од тука што е можно порано. А богами за тоа време Пендаровски колку што можел направил се што може од Македонија држава да не биде, и може да биде задоволен до својот труд.

Кога сме кај премиерот Заев, иако се трудам во колумниве поретко да го спомнувам, од судбина не се бега. А има некоја беља во политиката, тој е во бељаџиите. За почеток, од партијата на Заев треба да му забранат да дава изјави, особено кога советниците за односи со јавност од Белград не му напишале што треба да збори, а локалниве како Роберт Поповски, извесната Иванна и особено Забрчанец се бетер од него. А го оставиш сам му излегува на површина сировоста и лошотилакот кој веќе не може да се сокрие.

Бисер неделава му е дека после рампата на Макрон за преговори со ЕУ тој, Заев, имал душевни и психолошки последици. И ако некој помисли дека зелените што ги тресе се заради душевните и психолошки пореметувања од Макрон, не е во право. Зелените ги тресе и пред и потоа. Сега, државата има сериозен проблем, има претседател кој со една нога е веќе во миграција и премиер кој е во тешка душевна и нервна криза заради Макрон, и нема кој да ги води државните работи а да е присутен и при здрава свест и душевен мир. И после се чудиме зошто младите сакале да заминат? Кој сака да лета во авион во кој едниот пилот е душевно и нервно растроен, а другиот е со една нога спремен да скокне со падобранот.

Јас само го чекам денот кога Заев, нервно растроен и душевно уништен заради Макрон ќе порача преку својот обвинител Јовевски една кривична за Макрон која, потоа, неговите судии ќе ја пресудат а апелација, главниот алат на Заев после Катица, ќе ја потврди пресудата дека сите последици во оваа држава од лошата душевно растроена власт се – вина на Макрон.

И немојте да ја отфрлате оваа можност. Кога и вие би ги имале милионите евра на сметка и тотална власт како што  има Заев, кога по свој ќеф би поставиле Судски совет, совет на Јавни обвинители, би имале Обвинителство и судии што ве слушаат како да ви се партиски клуб од Пехчево со кои бришете патос кога ќе ви се посака и им се заканувате дека сите ќе ги смените ако не ве слушаат... можеби и вие би му стегнале истрага и судење на Макрон затоа што душевно ве вознемирил и нервно ве растроил по што ви е загрозена и самата власт. Единствен спас од меѓународен скандал е дека Заев, како сопственик на плантажи со марихуана, ќе најде лек во овие тешки денови за него.

Така било, и така ќе биде секогаш додека Заев е било каква власт било каде, и додека Фамилијата тера бизниси заштитена и од дипломатите и од армијата медиуми, полицајци, невладини, обвинители и судии на босот друже Зоки. За дипломатите не знам, но секој негов обвинител, судија, уредник и полицаец секако има конкретен интерес за да му служи на Заев, и се додека тој интерес се подмирува работите ќе бидат вакви, а Пендаровски ќе сака да се исели.

Токму заради балансот на интереси е создадена Катица Јанева, како врховен извршител кој никому не одговара и никој не смее да му стои на патот. Кога Мицкоски бараше да се истражат сметките на СЈО, за Заев тоа беше подривање на системот. Сега самите обвинители го бараат тоа. Уште од старт, кога Катица ги исплука обвинителите од ЈО дека се неписмени и љубоморни, а судиите корумпирани и треба да бидат гонети... требаше да биде јасно со кого имаме работа. Четири години Катица се бореше за интересите на Заев, а Заев за интересите на Катица која својот интерес, освен самозадоволување со тотална власт, ги наплаќала и со рекет.

Кога Катица падна во криза на Заев му стана јасно дека мора да ја вади инаку и тој ќе заглави во истата кал, Катица ќе пропеее. Ја извади од Шутка спакувана како лепрозна и ја однесе дома, да ги чува децата. Катица и Заев се две страни на истата пара, а парата е веќе безвредна, фалсификат кој не вреди ништо.

Мене ме чудат судиите, не толку обвинителите. Обвинител е прљава професија, посебни луѓе опседнати дека сите се криминалци кои само се преправаат дека не се и нивна животна цел е што повеќе луѓе да се натрпаат по затвори. Таква опседнатост остава трајни последици и го менува карактерот.

Судија е нешто друго. Секаде се во врвот на интегритет и ум во општеството. Политичарите се плашат од нив, а не тие да им се тресат на политичарите. Затоа, и покрај сите интереси за кариера, па дури и кеш, не можам да разберам како дозволија Заев да ги влече по патос, обвинители да им коментираат пресуди ако не се од интерес за Фамилијата, друже Зоки да им нарачува судења и пресуди и да ги става во ризик за постапки против нив во иднина додека Фамилијата трупа стотици милиони во кеш на своја сметка и им ја растура државата во која треба да живеат нивните  деца. Вреди ли за судски мандат заработен на тој начин да се фрли во вода сопствена личност. Катица му служеше на Заев до даска, и еве ја каде е. Си личите ли пред себе на Катица Јанева? Чекаме кој прв на Заев ќе му каже - не!

Кога ќе замине Заев, а тоа ќе биде наскоро, сите ќе се оградат од дубарите на обвинителите и судиите на Фамилијата. Видете ја министерката Рената Десковска како ладно се огради од Заев, од обвинителката Вилма Рускоска и судијката Добрила Кацарска кои ги гонеа и осудија учесниците на протестите во собрание на 27 април. После се, минстерката констатира дека сето тоа, вклучително и амнестијата, било во функција на притисок за да се изгласаат уставните измени и да станеме Северна.

Којзнае, можеби следното патување со авион на Пендаровски и Заев ќе им бидат со карта во еден правец, едниот депримиран емигрант во најава, вториот дебело кеширан плус душевно и нервно растроен. Тие ќе заминат, а ние ќе останеме очи да си вадиме кој бил крив.

(25.11.2019)

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата