Екипата на Леванте на домашен терен ја победи Мајорка со 2:1 во шпанскиот шампионат. Тоа требаше да биде дуел помеѓу македонските интернационалци во Шпанија Енис Барди и Александар Трајковски но ништо. Барди влезе во 80 минута за Лавенте, а Трајковски го немаше во составот на Мајорка поради повреда.

Роџер го доведе Леванте во предност во 52 минута, изедначи Родригез во 65. минута, а потоа Рошина со гол од голема далечина одново обезбеди предност за домашните. Барди влезе на местото на стрелецот на првиот гол, а неговиот тим ги освои бодовите.

Standings provided by Sofascore LiveScore