Борусија Дортмунд избегна дебакл на домашен терен против Падерборн. Ни паузата поради репрезентациите не ги разбуди „жолто-црните“ кои против Падерборн одиграа очајно прво полувреме и губеа со 0:3 на полувреме во дуелот од 12 коло на Бундес лигата. Пред Жолтиот ѕид губеа од најслабата екипа во првенството Падерборн дури со 0:3!!!

Мамба ги „изеде“ фудбалерите на Лусијан Фавр откако им даде два гола во првите 37 минути, а веднаш по него и Холтман ја затресе мрежата. Капак на се за домашните Пако Алкасер се повреди и излезе од игра.

Но во вториот дел Фавр комплетно ја смени играта на својот тим, направи три измени и тргна на се или ништо. Џејдон Санчо намали на 1:3, а во 84 минута Витцел ја доближи Борусија до 2:3. Утешниот бод го донесе Марко Ројс со голот во третата минута од судиското надополнување на времето.

Инаку Падерборн нема победа сезонава, а Дортмунд го впиша петтото реми и е на петтото место, а може да падне и подоле по одигрувањето на другите натпревари.

Standings provided by Sofascore LiveScore