Аргентинската гранична полиција уапсила 34-годишна жена, која преправајќи се дека е бремена се обидела да прошверцува огромно количество марихуана и хероин. Начинот на којшто требало да ја пренесе дрогата е навистина спектакуларен.
Имено, таа се преправала дека е бремена, односно направила вештачки стомак кој бил полн со дрога и со автобус се обидела да отпатува во Чиле.

Според полицискиот билтен, „бремената жена“ на полициските службеници им станала сомнителна кога виделе дека носи голема црна торба, при претресот таа се пожалила дека е бремена, но полициските агенти кај неа забележале нешто чудно, па ја упатиле на втора контрола при што всушност бил откриен пленот - марихуана и 15 ќесички со хероин.