Лекарите едвај и го спасиле животот на Дара Бубамара, еве што се случувало

20.11.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Лекарите едвај и го спасиле животот на Дара Бубамара, еве што се случувало

Дара Бубамара мина низ пекол минатата недела! Пејачката наеднаш се разболе и остана како закована за креветот, а лекарите и наредиле строго мирување  но пејачката не можеше да се воздржи да го испочитува лекарското предупредување.

Нејзините пријатели велат дека Дара работи многу и се чини дека се претерала, а со месеци се наоѓа на некои тешки  диети, што ослабело нејзиниот имунитет премногу.

Се чувствувала многу лошо  минатата недела, но тоа не ја спречило да ги исполнува своите обврски. Бидејќи не мирувала во толку лоша состојба, одеднаш се онесвестила во нејзиниот  стан. За нејзина среќа во станот не била сама, туку со нејзина пријателка која веднаш ја повикала брзата помош.

„Олеснителна околност беше тоа што Коста не беше таму затоа што детето ќе се исплашеше. Дара мора да се одмори, има слаб притисок, тие ја приклучија на инфузија, а потоа и препишаа терапија, И покрај тоа таа имаше настап во Смедерево во саботата како ништо да не се случува со неа.  Во неделата, таа самата мораше да повика брза помош за да и даде инфузија бидејќи буквално не можеше да стане од кревет, а сега мора да повторно да мирува и да се опорави“ вели нејзината пријателка.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата