Поранешната министерка за култура, Ганка Самоиловска-Цветанова, на својот твитер-профил запраша дали постои разлика во концептот на Голема Албанија, Голема Србија и новиот грчки слоган „Macedonia the GReat“, кој беше промовиран од грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во Солун.
Што е разликата помеѓу концептот на Голема Албанија, Голема Србија и грчкиот слоган „Macedonia the GReat“? Нема разлика. Сите три концепти почиваат на иредентистичка идеологија, напиша Ганка Цветанова на Твитер.
Што е разликата помеѓу концептот на Голема Албанија, Голема Србија и грчкиот слоган „Macedonia the GReat“? Нема разлика. Сите три концепти почиваат на иредентистичка идеологија. pic.twitter.com/gxf2afKWJI
— Ganka Cvetanova (@gankacv) November 17, 2019