Loading..

За слоганот „Macedonia the GReat“, кој завчера беше презентиран во Солун, не пристигнале никакви информации до Министерството за надворешни работи, од каде апелираат дека со овој чин се подрива довербата меѓу двете земји.

„Ние сметаме дека на ваквите прашања треба да им се пристапува преку дијалог и со советодавна и експертска асистенција на меѓународната група експерти за комерцијалните имиња, трговските марки и заштитни знаци. Унилатералниот пристап може да доведе до подривање на меѓусебната доверба и да има негативно влијание врз досегашните напори и постигнати резултати меѓу двете држави“, стои во соопштението на МНР.

Слоганот „Macedonia the Great“, го презентираше лично грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на самитот во Солун.

Најчитани вести