ОСМАНИ: Забелешките на Макрон во областа на судските реформи не важат за земјава

16.11.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ОСМАНИ: Забелешките на Макрон во областа на судските реформи не важат за земјава

Вицепремирот Бујар Османи во изјава за АлсатМ вели оти смета дека забелешките на францускиот претседател Макрон во областа на судските реформи не важат за земјава, а она што било досега сработено, вели тој, не може да се негира.

Тоа не може да се негира затоа што тоа е европското законодавство, тоа се завршени работи и мора да продолжиме натаму. Тоа што е важно е владеењето на правото, правната држава или поглавјата 23-24. Тие сега ќе бидат постојани во новите полиња, од преговорите до полноправното членство, но со тоа што да се гарантира одржливост и по пристапувањето во ЕУ. Тоа е затоа што некои земји по пристапувањето некако се релаксираат, смета Османи.

Османи вели дека е особено важно со одобрувањето на новата методологија за проширувањето, да се определи датум за почеток на преговорите.

Важно е Европскиот Совет при одобрувањето на оваа методологија да го одобри започнувањето на преговорите. Тоа е многу важно да се надоврзе. Доколку постои дисконекција меѓу методологијата и почетокот на преговорите, тоа нè носи кон нејасен пат. Фактот што се потврдува полноправното членство како единствен пат, фактот дека процесот е започнат и оти се достапни структурни фондови, тоа е нешто ново и позитивно за земјата, додава Османи.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата