Loading..

Српскиот претседател Александар Вучиќ, кој беше примен на одделение на Воената медицинска академија (ВМА) во Белград поради проблеми со срцето, преку социјалните мрежи им се заблагодари на вработените во оваа установа и порача дека од понеделник ќе биде во „полн работен погон“.

„Благодарност до докторите и персоналот во ВМА. Им благодарам на сите кои се загрижија. Веќе од понеделник ќе бидам во полн работен погон“, порача Вучиќ преку своите налози на Инстаграм и Твитер, каде објави фотографија од пораката што ја напишал.

Генералниот секретаријат на Претседателот на Република Србија претходно објави дека Вучиќ бил примен на ВМА вчера попладне (15. ноември), поради кардиоваскуларни проблеми.

извор: Makfax

Најчитани вести