Јана Стојановска открива зошто син и се вика како и татко и - НЕНАД!

16.11.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Јана Стојановска открива зошто син и се вика како и татко и - НЕНАД!

Во интервју за Женски магазин актерката Јана Стојановска проговорила за предвременото породување, но и затоа како нејзниот син самиот си го избрал името, кое е исто како и таткото на актерката - легендарниот Ненад Стојановски.

Синот на актерката Јана  и кошаркарот Андрија Бојиќ се роди во седмиот месец, откако сосема неочекувано, два месеци пред терминот за породување, на Јана ѝ пукнал водењакот. Малиот Ненад, кој го носи името на својот дедо, по два месеца поминати во болница во Букурешт, сега е дома. Јана во Романија се пресели поради ангажманите на сопругот за кошаркарскиот клуб „Волунтари“.

До последно се противев на името Ненад, едно затоа што ме врзува за татко ми, а неговата загуба ми е едно трауматично искуство, а друго, затоа што сакав да има некое име какво што никој друг нема да има. Андрија од друга страна сакаше југословенско име. Кога нѐ „изНЕНАДИ“ сите, почнав да попуштам, ама кога ги видов бројките на часовникот во салата, 12:52, си реков - готово, Ненад. Во 1952 година беше роден татко ми, рекла Јана во интервјуто.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата