Тензично на протестите во Париз, приведени 24 лица

16.11.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Тензично на протестите во Париз, приведени 24 лица

Поддржувачите на Движењето „Жолти елеци“ денеска ја одбележуваат првата годишнина од протестот, кој започна како револт околу данокот за бензин по што стотици илјади луѓе излегоа на улиците низ цела Франција. Додека ја прославуваат својата годишнина овој викенд, демонстрантите се обидуваат да ги оживеат протестите кои што почнаа да стивнуваат последните неколку недели.

Силни полициски сили се распоредени во Париз во пресрет на протестите кои честопати ескалираа во насилство и судири со полицијата. До пладне, 24 лица се уапсени низ француската престолнина.Полицијата интервенираше и за да спречи неколку стотици демонстранти да го блокираат кружниот тек во Париз.

Протестите на „жолтите елеци“ почнаа кон средината на ноември 2018 година, првично поради зголемувањето на цената на горивата и високите трошоци за живот, но прерасна во пошироко движење против претседателот Емануел Макрон и неговите економски реформи.На почетокот, десетици илјади луѓе учествуваа во протестите, на моменти и до 300.000, а подоцна се намали нивниот број на неколку илјади.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата