Балашевиќ останува на интензивна - забранети му се и посетите!

16.11.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Балашевиќ останува на интензивна - забранети му се и посетите!

Ѓорѓе Балашевиќ имал инфаркт и моментално се наоѓа во Институтот за кардиоваскуларни болести во Сремска Каменица каде е хоспитализиран и вградени му се стентови. 66-годишниот музичар во болница ќе остане неколку дена и е на интензивна нега.

„Добро ја поднесе операцијата, се чувствува добро, но не му се дозволени посети“, објансил извор за српски Блиц и уште додал: „Набрзо ќе биде пуштен на домашно лекување, но ќе мора многу да биде внимателен и комплетно да го смени начинот на ќивот.“

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата