Ивановска: Полската амбасада побарала УКИНУВАЊЕ НА ЦАРИНИТЕ ЗА АКУМУЛАТОРИ ПО СРЕДБА СО АНЃУШЕВ

15.11.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ивановска: Полската амбасада побарала УКИНУВАЊЕ НА ЦАРИНИТЕ ЗА АКУМУЛАТОРИ ПО СРЕДБА СО АНЃУШЕВ

Претседателката на Државната комисија за спречување корупција, Билјана Ивановска во вечерашното интервју октри дека барање за укинување на царините за увоз на литиумски батерии за акумулатори доставила Полската амбасада по средба со вицепремиерот Кочо Анѓушев, а со образложение дека извесна полска компанија од овој сектор сака да инвестира во Македонија.

- „Целиот предмет има поголема историја. Ние побаравме записник од седницата на владата, ги побаравме и стенограмите Во записникот стои дека вицепремиерот присуствувал на седницата, меѓутоа во стенограмите гледаме дека тој учествувал во расправата и укажувал на кој начин треба министерството за економија да ја поправи одлуката за да биде во согласност со барањата коишто ги дава министерството за финансии“, вели Ивановска.

Ова е главниот доказ дека Анѓушев не се изземал од оваа предлог-одлука, напротив, учествувал во неа. На крај, полската компанија не инвестирала во Македонија, туку во Србија, рече Ивановска.

Антикорупциската комисија не повела постапка за спречување корупција во случајот Анѓушев, туку само за спречување судир на интереси, без разлика што стапката на царина за увоз во ЕУ е 2,7%, а во Северна Македонија му дозволиле на вицепремиерот со 0% царина да изврши увоз неговата компанија Брако.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата