ЦЕЦА НА СНААТА И ПОДАРУВА ДУКАТ ОД 1700 ГОДИНА: Познато е и која реченица ќе ја изговори при дарувањето

15.11.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ЦЕЦА НА СНААТА И ПОДАРУВА ДУКАТ ОД 1700 ГОДИНА: Познато е и која реченица ќе ја изговори при дарувањето

Фолк дивата Светлана Цеца Ражнатовиќ ја спрема свадбата на нејзиниот син Вељко Ражнатовиќ, но сите погледи се вперени во снаата Богдан Родиќ. Најновата вест е дека Цеца ќе ја дарува својата снаа со дукат  од  1700 година.

Имено, пред 24 години, музичката ѕвезда се омажи за Жељко Ражнатовиќ Аркан, а свадбата беше прогласена за „свадба на деценијата“. Не се очекува помалку од бракот на наследникот на Аркан, а испливаа и помалку познати детали, кои се раскажуваа низ годините.

Малкумина знаат дека по свадбата, младенците ја напуштија црквата Свети Архангел Гаврил и се упатија кон семејниот дом каде ги чекаа мајката на Жељко, Славка Јосифовиќ, која и подарила златен дукати на Цеца. Потоа изговори реченица:

„Те дарувам со овој златен дукат, кој потекнува од 1700 година. Од мојата прабаба, а ваша чукунбаба. Нека ви биде среќен бракот и траен“.

Според информациите,  Цеца планира да го предаде истиот дукат што го добила од мајката на Аркан, на невестата на нејзиниот син Богдана Родиќ, на 24 ноември, кога ќе го каже судбоносното „да“ на церемонијата во елитниот ресторан во Белград.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата