Марија Шерифовиќ за 35 роденден приредила пижами-парти, меѓу одбраните се нашла и оваа пеачка (фото)

15.11.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Марија Шерифовиќ за 35 роденден приредила пижами-парти, меѓу одбраните се нашла и оваа пеачка (фото)

Една од омилените музички ѕвезди  на Балканот, вчера го прославила роденденот и тоа на начин на кој и прилега: оригинален откачен и симпатичен!

Марија Шерифовиќ денот, како што е откриено на нејзиниот Инстаграм, го поминала во друштво на својот најдобар пријател – англискиот булдуг Хак, кој добил роденденско капче.

Меѓутоа, нешто покасно во нејзиниот дом се собрале и други нејзини пријатели, за кои Марија приредила пижами-парти.

Пеачката и нејзините пријатели ги облекле своите најдобри пижами и пантофли и со балони и добро расположение го прославиле 35 роденден на евровизиската победничка, а интересно е што меѓу нив се нашла и Јована Пајиќ.

Иако е познато дека некогашна од Ѕвездите на Гранд и денешна пеачка од групата Министерки се добри пријатели, малкумина знаат дека се толку блиски што Јована добила покана за оваа “ексклузивна журка“.

- Пријатели, фамилијо... Ве сакам – напишала Марија во опис на симпатичната фотографија која ја споделила на Инстаграм.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Prijatelji, familijo... Volim vas❤️🎂❤️ #ZivotNijeLoto #Vol2 #Moj35Rodjedan #HelloKitty😍

A post shared by Marija Serifovic (@serifovic) on

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата