Ѓорѓе Блашевиќ доживеал инфаркт! Пеачот моментално е во болница, вградени му се стентови

15.11.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ѓорѓе Блашевиќ доживеал инфаркт! Пеачот моментално е во болница, вградени му се стентови

Ѓорѓе Балашевиќ доживеал инфаркт. Тоа е причината за одложување на закажаните концерти.

Ѓорѓе Балашевиќ моментално се наоѓа во Институт за кардиоваскуларни болести во Сремска Маменица каде е хоспитализиран и вградени му се стентови. Како неофицијално се дознава пеачот се чуствува добро и наскоро ќе биде пуштен дома.

Ѓорѓе Балашевиќ требал да настапи во Крагуевац, но тој концерт е откажан.

“Драги Крагуевчани и останатите од екипата која ќе дојдеше вечер на концерт...

Жал ми е што морам да ве известам дека концертот вечерва се одложува...

Животот некогаш прави планови без нас и смета на наше разбирање и што друго ни останува... Здравјето во секој случај е најважно и тука тешко што би можело да се додаде...

Ѓоле вели дека ќе донесе лекарско уверение ако е потребно, но јас се сомневам дека вие тоа ќе го барате...“ порачала Беба Балашевиќ.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата