Се спогодија Макпетрол и Владата: Спорот за ГА-МА ќе се реши ВОНСУДСКИ

15.11.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Се спогодија Макпетрол и Владата: Спорот за ГА-МА ќе се реши ВОНСУДСКИ

Макпетрол АД Скопје и Владата ќе склучат спогодба со која вонсудски ќе се завршат судските спорови во врска со ГА-МА АД Скопје, соопштуваат од дистрибутивната компанија. По ова, ќе следува проценка од овластени проценители, па Макпетрол согласно пазарна цена ќе и го продаде својот дел од сопственоста во ГА-МА АД Скопје на Владата. Согласноста е постигната со поддршка од Енергетската заедница.

Двете страни односно Макпетрол и Владата претходно побараа медијација во Центарот за решеавање на спорови на Енергетската заедница, а нивна цел беше конечно, законско и правично регулирање на сопственичките односи во ГА-МА АД Скопје во согласност со законот за енергетика и третиот енергетски пакет кој е вклучен во Законот.

Инаку Енеретската заедница се обврзала да ја следи имплементацијата на вонсудската спогодба и да ја дава потребната поддршка се до кончено завршување на постапката.

Во септември годинава Владата објави дека планира да ги скрати капиталните расходи и да вложи во докуп на сите акции на ГА-МА кои во моментов ги поседува Макпетрол АД Скопје.

Државата и „Макпетрол“ го водеа спорот со аргументи секој на своја страна за тоа кој поседува мнозински капитал во ГА-МА.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата