Loading..

Под-брендот на Huawei, Honor ќе го промовира моделот V30 на 26. ноември. Официјалните фотографии потврдени од Honor покажуваат дека паметниот телефон ќе има двојна селфи-камера.

Сега компанијата сподели i две видеа за да ја најави 5G поврзаноста на V30 и да ни покаже како може да изгледа куќиштето на V30 со тројна камера.

На 0:03 секунди на горното видео, можете да го видите задниот дел на уредот со три камери и LED блиц – слично како камерите распоредени на Samsung Galaxy M30s.

На 0:06 секунди може да се види паметен часовник, кој би можел да биде Honor Watch Magic 2, чии нацрти вчера излегоа во јавност.

Вториот видео клип што го сподели Honor е апстрактен и навистина не открива никакви карактеристики на Honor V30, смартфонот, туку е само да ја разбуди имагинацијата.

На 26. ноември се очекува Honor да го претстави и V30 Pro, кој според претходно протечените фотографии, ќе има четири камери на задниот дел.

Остануваат уште околу две недели до официјалното претставување, па се очекува повеќе детали да се појават во наредните денови.

 

 

 

 

извор: USB.mk

Најчитани вести