Loading..

Galaxy A серијата на Samsung доживеа неколку радикални промени во последните неколку години, позајмувајќи голем дел од спецификациите и дизајнот од премиум уредите на компанијата. Меѓу нив, Galaxy A50 се покажа како посебно популарен во последните неколку месеци, нудејќи одлични перформанси и цена.

Поради тоа, се разбира дека сме заинтересирани за неговиот следбеник, најверојатно наречен Galaxy A51.

Во моментот, иднината на стандрадниот смартфон дизајн е недефинирана. Секоја компанија има своја идеја за тоа како треба да изгледаат смартфони. Така и Samsung во последно време се одлучи за имплементирање на големи екрани со тенки рамки и дупка во горниот дел за селфи камерата.

Првите рендери на смартфонот откриваат дека A51 ќе има дупка во дисплејот за селфи камерата и систем од четири камери на задната страна. A51 ќе има 6.5 инчен Super AMOLED дисплеј со сеуште непозната резолуција и сличен дизајн како на Note 10 серијата. Со целосни димензии од 158.4 x 73.7 x 7.9mm, овој уред ќе биде висок и тенок како А50. Токму поради ваквиот премиум дизајн, неговата цена ќе биде околу 400 евра.

извор: USB.mk

Најчитани вести