ПОЖАР ВО ТЕТОВО: Има жртви!

15.11.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ПОЖАР ВО ТЕТОВО: Има жртви!

Едно лице загина во пожар што рано изутринава, околу 3:50 часот, избувна во импровизирана барака кај спортскиот центар во Тетово. Безживотното тело го пронашле пожарникарските екипи кои пристигнале на местото на настанот, објави Алсат.

Случајот го потврди и Секторот за внатрешни работи во Тетово. Истрагата е во тек а, телото е испратено до Институтот за судска медицина во Скопје. Според првичните информации, се претпоставува дека настраданото лице е бездомник.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата