КОЈ ОВА ГО ПЛАЌА? ЕВЕ КОИ ПРАТЕНИЧКИ се на државен туризам во Кенија (ФОТО)

15.11.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
КОЈ ОВА ГО ПЛАЌА? ЕВЕ КОИ ПРАТЕНИЧКИ се на државен туризам во Кенија (ФОТО)

Кои други патенички сде на сафари во Кенија, освен генералната секретарка на Собранието Цветанка Иванова?

При официјалниот молк од Собранието, до Вечер.мк пристигнаа информации и слики.

Нашите податоци велат дека на сафари во Кенија, заедно со Цветанка Иванова се и Јагода Шахпаска од СДСМ и Лиле Поповска од ДОМ.

Ова задоволство ќе ги чини граѓаните околу 2.000 евра по пратеничка, односно околу 6.000 евра вкупно. На име дневници, трите пратенички од Собранието би наплатиле околу по 1000 долари за туристичкото-службено патување во Кенија, ако се има предвид дека дневницата за престој на службено лице е 108 долари во главниот град на Кенија, Нјароби. Тука би требнало да се се пресмета и повратниот билет билет до Најроби, Кенија кој изнесува околу 1000 евра. 

Јагода Шахпаска, СДСМ

Дали трите, меѓу другото беа и на Меѓународна Конференција за население и развој во Најроби, Кенија која ќе се одржи од 12-14 ноември ?! На истата оваа конференција присуствуваше и сопругата на Претседателот Стево Пендаровски, за која знаеме дека во јавноста е активна во хуманитарни акции поврзани со оваа тема. 

 

Цветанка Иванова, ген сек на Собрание од СДСМ

Но, јавноста бара одговори и други одговори. Прво, зошто Собранието на Република Македонија во согласност со веќе воспоставената пракса, не објавува по кој повод трите пратенички се на конференција во Кенија? Која е потребата претставници на Собранието да учествуваат на самит на ОН на кој што присуствуваат владини претставници и тоа на тема за кој Собранието на Република Македонија нема никаква надлежност.

Лиле Поповска, ДОМ

 

 

 

Собранието во согласност со декларираната транспарентност не само што нема објавено за екскуризијата, а јавноста нема информации и колку лица се во нејзина придружба.  

Со оглед на тоа дека актуелната власт често ја истакнува алатката за отчетност за трошењето на фунцкионерите, јавноста го чека одговорот по кој повод и на чиј трошок ја посетиле егзотичната земја Кенија? 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата