Срцевите заболувања се меѓу најсериозните здравствени проблеми во светот, особено кај постарите лица.

Истражувачите предупредуваат дека неколку фактори на животниот стил влијаат на ризикот од срцеви заболувања. Тука влегуваат нездрави диети, недостаток на физичка активност и пушење. Сепак, не е посветено доволно внимание на професијата како потенцијален фактор.

Една неодамнешна студија направена во Јапонија откри дека шефовските позиции, без оглед на индустријата во која работат, имаат поголем ризик од срцеви заболувања.

Во ноември 2019 година, истражувачите од Универзитетот во Филаделфија ги презентираа резултатите од студијата кои покажаа дека изложени на најголем ризик од срцеви заболувања се социјалните работници - дури 36 проценти повеќе од другите.

Следната професија опасна за срцето е работа на каса - дури 33 проценти, па медицинска сестра - е за 16 проценти повисока од просекот, а четврти на оваа листа се негувателите кои се изложени на ризик за 14 проценти повисоки од просекот.

Студијата исто така откри дека некои професии се помалку ризични од другите - трговците со недвижнини се со 24% помал ризик, а секретарите имаат 11% помал ризик.

Истражувачите се особено изненадени што во високозагрозените се  здравствените работници кои имаат најмногу знаења како да го заштитат своето здравје.

Најчитани вести