Само за еден стан дала половина милион евра: Соседите на Вики Миљковиќ откриле што се случува во новиот дом на “Белград на вода“

14.11.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Само за еден стан дала половина милион евра: Соседите на Вики Миљковиќ откриле што се случува во новиот дом на “Белград на вода“

Се жали на мајсторите кои сеуште се во станот!

Вики Миљковиќ купила дури три стана во елитната белгратска населба, а за само еден стан одвоила околу половина милион евра, откриваат нејзините соседи

Пеачката неодамна со нејзиниот сопруг и синот Андреја се преселиле во еден од трите стана, а нејзините соседи откриваат што се случува во нејзиниот крај.

“Вики е наша драга сосетка. Ја гледаме скоро секој ден со работници, постојано влече некои кутии. Се жали на тоа што во станот се нон-стоп мајстори и хаос е, едвај чека опремувањето да се заврши и на мир да започне живот на оваа адреса. Фина и пристојна жена, жена од народ. Кога и да ја видам таа е на телефон, постојано со некого разговара. За опремување на станот ангажирала архитект, кој има многу работа“, открива девојка која живее во сосетсто на пеачката.

Миљковиќ со сопругот и синот се редовени гости во кафуле веднаш до нивната зграда.

“Вики ни доаѓа често. Љубезна е, нормална, не глуми ѕвезда. Не пие алкохол, омилен пијалок и е лимонада. Некогаш доаѓа средена, некогаш ненашминка и без фризура. Со семејството оди во маркет да пазари“, вели вработена од кафулето.

“Вики доаѓа често. Пристојна и културна жена. Искрено, не знаев дека е пеачка, додека таа самата не ми кажа, не слушам таква врста на музика“, рекла вработена во менувачница.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата