Пристигнува Redmi K30 5G смартфонот на Xiaomi

14.11.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Пристигнува Redmi K30 5G смартфонот на Xiaomi

Xiaomi очигледно нема намера да запре во својот поход кон сите сегменти на пазарот: само шест месеци по лансирањето на K20 серијата телефони, што кај нас е попозната под имињата Mi9T и Mi9T Pro, пристигнува нејзиниот наследник, серијата К30.

Како што стојат работите, овие телефони би требало да бидат претставени на 26. ноември на MediaTek Tech самитот. Зошто токму на настанот на MediaTek? Затоа што овие уреди ќе ги покренува најновиот MediTek чипсет со ознака M70. Очигледно е дека кинескиот производител ги прележа сите детски болести и стои рамо до рамо со останатите производители на чипсети.

Двата смартфони ќе поддржуваат 5G технологија, се очекуваат две punch hole селфи-камери и се претпоставува дека посилниот модел ќе пристигне со 12 GB RAM и 128 GB простор за податоци.

 

извор: USB.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата