Новинарите Љупчо Цветановски од ТВ АЛФА, Деjан Андоновиќ кој има работено во повеќе медиуми како Сител Телевизија, Радио Слободна Македонија и 1ТВ, и Петар Серафимовски од Македонско радио, доцна вечерва биле нападнати при излез од угостителскиот објект Александрија во Скопје од страна на поголема група од 7-8 луѓе.
Мотиви и идентитет на напаѓачите засега нема.
Според нашите информации досега немало никаква причина или претходна расправија, помеѓу новинарите и групата напаѓачи.
Нападот веднаш бил пријавен во полиција, при што во тек е расветлување на случајот.