Нелоски: НА ЗОРАН ЗАЕВ - НИ ВИЦЕ НЕ МУ ВЕРУВА, ни дома не му веруваат!

12.11.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Нелоски: НА ЗОРАН ЗАЕВ - НИ ВИЦЕ НЕ МУ ВЕРУВА, ни дома не му веруваат!

Партиите можат да се усогласат за низа важни работи. Тоа и го докажа ВМРО-ДПМНЕ кога даде поддршка за низа на закони кои се дел од реформскиот процес, а се важни и за патот кон ЕУ – рече Владимир Нелоски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ гостувајќи на дебатата на телевизија АлсатМ.

Според него може да се најде заеднички јазик, но треба да се има на ум дека има премиер кој треба да се откаже од некои ликови кои му се важни во правосудството.

Кога зборуваме за довербата помеѓу партиите, исто мора да се укаже дека мора да се има доза на недоверба. Па ние имаме претседател на Влада, Зоран Заев кој во вторник кажува едно, во среда ја менува изјавата, а во петок кажува нешто сосема контрадикторно од кажаното во вторникот. Ни дома не му веруваат на Заев што кажува, дури и на Вице Заев кога му кажува колку имаат од одредена зделка човекот мора да се преброи за да види да не го лаже. Морам вака апсурдо да опишам, зошто има ветување за прогресивен данок, а по девет месеци СДСМ прави салто мортале и го повлекува. Тоа укажува дека имаме ситуација во која се носат закони и мерки без анализа – рече Нелоски.

На крајот, посочи Нелоски, излезе дека ВМРО-ДПМНЕ биле во право за рамниот данок и во власта виделе колку е добар овој данок за компаниите.

Видоа дека за девет месеци избркаа млади од ИТ секторот и натераа огромен број граѓани да отворат нерезидентни сметки – додаде Нелоски.

Според него погрешна е и проценката правена за мерката Мој ДДВ.

И за мерката Мој ДДВ рекоа дека ќе вратат 40 милиони евра годишно. Во првиот квартал имаме поврат само 3 милиони евра, оттука значи требало годишно да се вратат околу 12, еве нека бидат 15 милиони евра. Каде се тогаш останите 25 милиони евра што ги пресметувале експертите од СДСМ – праша Нелоски.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата