Се иселиле 600.000 Македонци, секој од нив е загуба од по 40.000 евра

12.11.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Се иселиле 600.000 Македонци, секој од нив е загуба од по 40.000 евра

Помеѓу  9. 000 до 9.500 граѓани се отселуваат секоја година од државата покажуваат истражувањата на организацијата за економија „OECD“ . Најмногу од нив заминуваат во европските земји, а помалку во Америка и Австралија, велат во Агенцијата за иселеништво. Во странство, во мoмeнетов има над половина милион иселени.

„Имаме во иселеништво државјани на РСМ, приближно 500-600 илјади. Значи веќе тоа е проблем, кој според мене е доцна да работиме само на случајот за спречување на иселување и на младите, тој бреин дреин. Веќе треба да почнеме да размислуваме и да правиме реална стратегија , како да ги анимираме тие иселеници да ни помогнат и да ги користиме нивните капацитети кон државата, вели Никола Шалваринов- директор на Агенција за иселеништво за Телма.

Главна причина за иселувањето е економскиот фактор, а 48% од младите се изјасниле дека се иселиле за подобар живот , велат од Фондацијата за демократија на Вестминстер.

Дамир Незири, претставник на Вестминстер фондацијата за демократија, изнесе интересна математика за тоа колку губи Македонија, односно колку изнесува секоја високообразована личност што ја напушта Македонија:

„Со себе има два куфери. Во едниот куфер има 29 илјади евра, тоа се пари кои државата, тој самиот и неговите родители ги вложиле за тој да заврши факултет. Толку чини еден млад човек да заврши факултет во оваа држава. Во другата рака има куфер кој има 16 илјади евра. Тоа е негов потенцијален придонес кон БДП на годишно ниво, кога би останал во оваа држава, преку плаќање даноци, преку директна потрошувачка….

Ова лице кога ќе замине од државата изнесува над 40 илјади евра – рече Незири, додавајќи дека тоа се наодите до кои дошле низ истражување, пресмета Незири пред пред почетокот на панел дискусијата „Повратна, или карта во еден правец? Како земјата се справува со одливот на мозоци?“ во организација на Мрежата за спречување на одлив на мозоци.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата