Loading..

Основниот суд во Куманово донесе ослободителна пресуда за Љубомир Митев (79) од Којково, на јавноста познат како дедо Љубе, кој за да ги заштити својот и животот на сопругата Царка пукаше во двајца насилници, ограбувачи и натрапници во неговиот дом и уби еден од нив, дознава 24 Инфо.

Шест години траеше неговата битка да докаже дека не е виновен што кобната ноќ на 27 феврури 2013 година во неговата трошна куќа провалиле Зоран Златков и Борчо Иванов, кои во намера да ги ограбат со часови се изживувале врз двајцата старци.

Пред почетокот на судењето во април 2015 година јавноста бараше дедо Љубе да се ослободи.

Старецот беше овинет за три кривични дела - убиство, обид за убиство и за недозволено држење на оружје, но одбраната на дедо Љубе укажа на одредени пропусти во обвинението и Судот предметот го врати во истражна постапка. Сепак, и по повторната постапка Митев беше обвинет за убиство во миг, обид за убиство и недозволено држење на оружје, па новиот судски процес почна во јануари 2018 година. Во јуни годинава ОЈО Куманово го повлече обвинението за кривичното дело убиство во миг.

Според пресудата на судот, дедо Љубе е ослободен од обвинението за убиство во миг, а доби условна затворска казна од две години, која ќе се активира ако дедо Љубе во наредните четири години изврши било како кривично дело.

Целосна информација прочитајте на – 24Инфо.мк

Најчитани вести