Диета Ана Бекута: ова е тајниот зачин за супер слабеење, пеачката и нејзиниот партнер заедно изгубиле повеќе од 49 килограми

12.11.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Диета Ана Бекута: ова е тајниот зачин за супер слабеење, пеачката и нејзиниот партнер заедно изгубиле повеќе од 49 килограми

Ана Бекута, покрај изгубените килограми, решила да направи уште една промена која ги одушевила многумина. Ана Бекута и нејзиниот партнер Милутин Мркоњиќ се на диета која дефинитивно дава резултати.

Парот одлучил да држи диета, така што популарната пеачка “пресекла“ и рекла дека мора да се откаже од некои работи поради здравје и подобар изглед.

Партнерот на Ана се пофалил дека за една година успеал да ослаби неверојатни 25 килограми, додека Ана ослабела 17 килограми за неколку месеци.

Тајната на Милутин е во тоа што ја променил исхраната, не пие и одбегнува балаго и леб, и дека во текот на денот има 4 или 5 помалку оброци. Меѓутоа, Ана за разлика од Милутин води посебен режим за исхрана, кој и помогнал да ослаби нешто побрзо од него.

Пеачката открила каков режим на исхрана има и кои зачини и помогнале да дојде до целта. Таа секоја недела има ново мени по кои подготвува јадења за себе а во исхраната најмногу користи овошје, зеленчук, додека месо подготвува во мали количини. Ана исто така одбегнува сол во храната, а од зачини става доста бибер и куркума.

Пеачката, покрај ваквата исхрана води сметка и за изгледот, па се пофали дека редовно вежба, а посебно внимание обрнува на кардио тренинзите. Таа исто така препорачува доста течности како што е чај и вода. Покрај одличниот изгледа многума забележале дека Ана ја променила бојата на коста и дека се разубавила.

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата