Докторот пратеник Манојлоски го сардиса Заев: И во Собрание и со ДОЧЕК ВО ТЕТОВО (ВИДЕО)

12.11.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Докторот пратеник Манојлоски го сардиса Заев: И во Собрание и со ДОЧЕК ВО ТЕТОВО (ВИДЕО)

Исклучувањето на мерните станици, затворањето на Југохром каде 1200 луѓе останаа без работа и поставување на заменик министер за здравство нема да ги реши здравствените проблемите со кои се сочуваат 16000 луѓе годишно поради енормното загадување на воздухот во Тетово, посочи докторот интервентен кардиолог Горан Манојлоски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ денеска во Собранието.

- Се надевам дека обезбедивте маски за дишење за членовите на владата пред седницата, бидејќи Тетово е еден од најзагадените градови, посочи Манојлоски.

Тој на премиерот му предложи дека треба да се донесат конкрент мерки, како времено запирање на градби и одземање ингеренции на локалната самоуправа за да се намали загадувањето, посочувајќи дека во последните 3 години, дури 16.000 граѓани директно здравствено се засегнати од загадувањето, а Тетово е еден од најзагадените градови во светот.

 

 

Премиерот Зоран Заев во пресрет на владината седница во Тетово истакна дека за оваа политичка гарнитура најважно е здравјето на граѓаните и затоа внимателно се одлучува кога во прашање се области од заштита на животната средина. 

Тој рече дека Владата ќе стопира дел од одлуките да се градат мали хидроцентрали ако тоа влијае врз екологијата и здравјето на луѓето.

- Во сите национални паркови и заштитени подрчаја не одобруваме локации дури и таму каде што има отпочнато иницијативи да се заштитат одредени региони. Нека се отворат сите прашања нема поважно за нас од здравјето. Ако треба да во следните три годни да изгради 20-30 мали хидроцентрали, нека се изградат 10-15, но нека биде еколошко заштитено. Малите хидроцентрали ако се со еколошко обезбедливи ресуриси тие се производитли и на еколошка струја затоа што водата е непресушен извор и не се оштетува, па продолжува да ја врти турбината која произведува енергија што значи намалување на јагленот. Трансперетни сме и реагираме секогаш со институциите, рече Заев.

За протестите на членови на партиите Алијанса за Албанците, Беса и ВМРО-ДПМНЕ пред општинската зграда во Тетово поради непреземените мерки Заев истакна дека имаат право на изразување, а посочи примери на сработено.

- Слободата на протест е врвно демократски право. Сме трансопаретни, но да направиме и рекапитулар. 11 години беа на власт не направија ништо. Најдовме само 10 милиони евра. Наместо споменици правиме гасиификација. Знаеме дека затворањето на Југохром ќе не чини гласови, но нема да работи се додека не стави филтри, сите дишиме ист воздух. Определивме 15 милиони евра за да успееме во борбата против аерозагадувањето. Прашањата ќе ги решаваме заедно и централната и локалната власт, истакна Заев.

Мерката за замена на печки на дрва со инвертери премиерот рече, дека верува реализација кон крајот на ноември. Потенцираше дека треба да се запазат законските постапки и дека целта е голема 10 илјади граѓани кои можат да учествуваат, а воедно дека се обезбедни средства од ЕСМ. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата