Јадам ЕДНАШ НА 2-3 ДЕНА, платата ми е САМО 47 ЕВРА - Потресен статус на професорката Јасмина кој ќе ве остави без зборови

12.11.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Јадам ЕДНАШ НА 2-3 ДЕНА, платата ми е САМО 47 ЕВРА - Потресен статус на професорката Јасмина кој ќе ве остави без зборови

„Првиот оброк ќе го имам вечерва после 2 дена. Иако гладувам затоа што платата ми е 47 евра, јас редовно ги извршувам своите должности дури и тие на „Фејсбук “. Јадам секој втор или трет ден “, напиша црногорската професорка Јасминка Милошевиќ на Фејсбук, предизвикувајќи лавина реакции.

Милошевиќ е генерален секретар на невладината организација „Здружение на професори по филозофија“, која во 2018 година ја организираше 26-та Меѓународна филозофска олимпијада, под општо покровителство на Министерството за образование.

Трошоците за Олимпијадата изнесувале 48.000 евра, од кои НВО имале околу 12.000 евра. За да се покријат трошоците, Милошевиќ ја презела обврската да ги обезбеди останатите средства.

Така таа за Олимпијадата позајмила пари во ресторани, хотели, продавници за компјутери. Иако тогаш очекувала министерствата да ги покријат трошоците за Олимпијадата, тоа не се случило, па сите долгови се најдоа на нејзина штета.

Во потпишаниот меморандум, Министерството за образование не се обврзало да ја финансира Олимпијадата, но не донесло одлука дали ќе обезбеди средства или не за овој настан. Затоа, во понатамошната постапка, невладината организација не можела да побара средства од други министерства", се вели во приказната Милошевиќ.

Таа додаде дека побарала од сегашниот министер Дамир Шеховиќ да ја прими, и да се изјасни дали ќе ги даде парите за организација на олимпијадата.

Бидејќи нејзината организација веќе била во процес на организирање на Олимпијадата, Милошевиќ тврди дека не постело начин да се откаже, па решиле настанот да го финансираат од собрани донации или од сопствен џеб. Денес, една година по организирањето на Олимпијадата, невладината организација должи 33.000 евра. Парите ги бараат хотелиерите, сопствениците на ресторани, операторите и многу повеќе, а долговите на Милошевиќ се враќаат од нејзината плата. Таа добила предлог од министерот за образование, со кого разговарала, да направи петиција и дека Министерството ќе се обиде да и плати на Организацијата 1.800 евра.

Според црногорските медиуми, таа во моментов, поради одлуката на извршителите, е со блокирана плата, која инаку изнесува околу 520 евра. Додека предава во гимназијата во Подгорица 17 години.

„Не беше лесно. Јас го финансирав својот син, преживеав семејни трагедии, смрт на моите родители, смрт на мојата помлада сестра, која не ја видов на болничкиот кревет затоа што немав пари за автобус за Србија. Мојот син често одеше на училиште гладен. Со денови, тој и јас живеевме со бесквасен солен леб, што го правев сама. Не се жалам, само ги кажувам фактите. Знам дека многу, особено многу самохрани мајки, биле и се во слична ситуација “, изјави таа.

После нејзината објава министерот за образование ја повикал на средба, при што единствено ќе и помогнат да ја преместат во поблиско училиште, но без јасен одговор за решавање на финансиската ситуација.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата