(ВИДЕО) БЕШЕ ГОРДОСТ НА НАТО А ГО ПОТОПИ ОБИЧЕН ТАНКЕР: Еве како потона воениот брод вреден милијарда евра

12.11.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
(ВИДЕО) БЕШЕ ГОРДОСТ НА НАТО А ГО ПОТОПИ ОБИЧЕН ТАНКЕР: Еве како потона воениот брод вреден милијарда евра

Норвешките власти објавија видео во кое се забележува силен удар на танкер во фрегата „Хелга Ингстад“ ​​за време на воените маневри на НАТО кон крајот на 2018 година.

За среќа никој не беше повреден, а 7 морнари на воениот брод се здобиле со полесни повреди.

Танкерот Сола, кој пловел под малтешкото знаме, не претрпел голема штета, но потонал еден од најскапите бродови на норвешката флота „Хелга Ингстад“.

Бродот чинел дури милијарда евра, а откако бил пренесен во поморска база, утврдено е дека санацијата би траела исто колку и правењето нова фрегата.

Според првичниот извештај, една од главните причини за несреќата е недостигот на искуство на екипажот надлежен за фрегата. Исто така, откриено е дека не бил вклучен автоматски транспондер за идентификација на бродот „Хелге Ингстад“, што го отежнува забележувањето на радарите.

Исто така, откриено е дека посадата на танкерот го оставила осветлувањето на палубата што го отежнало препознавањето на неговите навигациски светла и локација.  Исто така, се потенцира и бавниот одговор на екипажот на танкерот, кој бил премногу спор за да ја предупреди фрегатата на удар.

Во извештајот се наведува дека операторите на центарот за поморски транспорт, кои се одговорни за контрола на движењето на бродовите во нивната област на одговорност, неправилно ја воделе ситуацијата и биле во можност да го избегнат инцидентот.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата