За Фрчковски ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на следните избори, во СДСМ владее негативна енергија

12.11.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
За Фрчковски ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на следните избори, во СДСМ владее негативна енергија

Во синоќешното гостување во емисијата „Клан Дебата“ која се емитува на Клан Македонија ТВ, професорот Љубомир Фрчкоски говорејќи за настанатите состојби во државата како и за расположението во СДСМ за претстојните парламентарни избори, призна дека во СДСМ владее негативна енергија.

Ова го поткрепи и со тоа дека тие на анкети се со 2 до 3% позади ВМРО.

-Во мут се, во атмосфера се како што не дошле пак на власт, и една таква атмосфера лоша владее во таа смисла, што владата мора да ја совлада со серија на мерки, а како ќе успеат не знам. Тие стојат по анкетите два, два и пол до три проценти позади ВМРО сега, рече Фрчкоски

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата