Loading..

Добро познатиот дојавувач Еван Блас (@evleaks) има некои нови интересни информации за претстојните модели од Galaxy S11 линијата на Samsung. Тој во објавата на Twitter истакна дека смартфонот ќе пристигне во три големини.

Најпрвин се очекува најмалиот модел, од 6,1 или 6,4 инчи и ова најверојатно би можел да биде Galaxy S11e. Потоа, тука е стандардниот Galaxy S11, со 6,7-инчен екран и на крајот го имаме најголемиот модел (веројатно S11+) со дисплеј со дијагонала од 6,9 инчи. Сите три панели овојпат се очекува да бидат закревни, а ова го вклучува и екранот на S11e моделот.

Постојат и гласини за 20:9 однос на страните на екранот, а се сугерира дека барем еден модел на Galaxy S11 ќе го има овој формат. Засега не е познато дали овие дисплеи ќе имаат засек или punch-hole отвор, или Samsung можеби дури и ќе имплементира перископ/pop-up камера.

Evleaks исто така споменува дека двата помали Galaxy S11 модели ќе бидат достапни во LTE И 5G варијанти, додека најголемиот модел ќе има само 5G опција. Ова значи дека ќе постојат барем пет варијанти на Galaxy S11 телефонот.

Информациите кои претходно се појавуваа, укажуваат на тоа дека Galaxy S11 ќе има 108MP главна камера, неодамна патентираната Space Zoom функција, како и Exynos 9830/Snapdragon 865 чипсет во зависност од пазарот.

извор: USB.mk

Најчитани вести