Жирито на Гранд ги помина сите граници! Ги навредуваат кандидатите: ЈК и Босанец ја нарекле кандидатката теле, семејството плачело

11.11.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Жирито на Гранд ги помина сите граници! Ги навредуваат кандидатите: ЈК и Босанец ја нарекле кандидатката теле, семејството плачело

Најновата емисија на “Ѕвездите на Гранд“ ќе биде запаметгена по несекојдневно однесување на ЈК и Драган Стојковиќ Босанец, кои брутално ја навредиле кандидатката Анѓела Танасковиќ.

После бројните навреди на нејзина сметка, девојката го напуштила натпреварот, а нејзиното се расплакало во бекстејџот.

Имено, кандидатката од Ниш добила навредливи коментари од Босанец и Јелена, на која и објаснила дека за шоу-бизнис потребен е мозок, а дека таа го нема.

- Толку неинсиративно, не надахновено, без врска. Беше една Џејла, која со таков глас направи хаос. Ти сега се обиде да ја ископираш и излезе катастофално, Да се земат вакви песни нема смисла ни да се слушаат. Беден е тој ментор кој те учи на такво пеење – рекол налутено Босанец на девојката.

- Не одам на часови, ако мислевте на тоа, рекла кандидатката, при што Босанец продолжил да вика и да ја навредува:

- Вие кандидатите мислите дека ние овде сме волови, ние нема да паднеме на тоа ваше мукање, затоа не зборувај глупости. Уште пострашно е ако не одиш на часовипо пеење...

Откако Босанец го рекол своето мислење, Карлеуша го подржала и уште по сурово ја навредила кандидатката, на која воопшто не и било сеедно, со што била на ивоца да се расплаче.

- Ти си како теле. Гледаш во мене како во шарена врата. За ништо не си размислувала, ни што да облечеш, ни како изгледаш, ништо. Ти си едноставно табула раза. Ти си едно “муу“ и во оваа работа никогаш нема да успееш.

- Ти девојко, или немаш мозок, или не го користиш. Интелегенцијата е клуч за успех во оваа работа, но ти не си интелегентна, тоа е очигледно... рекла Јелена.

За тоа време, мајката и сестрата на кандидатката не престанале да плачат во бекстејџот, а потоа кандидатката ја испратиле дома, велејќи и дека е без врска и неискусна.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата