ИН МЕМОРИАМ: Почина Љубе Рајевски

10.11.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ИН МЕМОРИАМ: Почина Љубе Рајевски

После долгата борба со тешка болест, почина Љубе Рајевски.

Погребот ќе биде извршен во вторник, на градските гробишта Бутел во Скопје.

Рајевски беше долгогодишен директор и член на Управниот одбор во НЛБ Банка. Љубе Рајевски важеше за еден од најпочитуваните банкари во Македонија.

Роден е 11.3.1955 година, Македонија. По образование: Дипломиран економист (1983 година), Економски факултет – Скопје, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“.

Работно искуство: 31 година во областа на банкарство и финансии.

Влезе во тимот на Тутунска банка во далечната 1987 година и напредуваше во кариерата и хиерархиски.

Од 2000 до 2017 беше втор човек на Тутунска банка, кога по сопствен избор се повлече.

Претходно работеше во Интерна банка на СОЗТ „Југотутун“ Скопје, како и во „Југомонтажа“ Благој Давков – Скопје.

Почивај во мир..

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата