ПОВТОРНО ВМЕШАН ВО „ШЕМА“: Зaкaни по живoт, пцовки и pacправии по телефон помеѓу Вице Заев и бизнисмен од Скопје

9.11.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ПОВТОРНО ВМЕШАН ВО „ШЕМА“: Зaкaни по живoт, пцовки и pacправии по телефон помеѓу Вице Заев и бизнисмен од Скопје

Плац од 13.000 квадратни метри во близина на хотелот „Хилтон“ во Скопје, ги скара старите партиски другари: бизнисменот Киро Тошевски и братот на премиерот Вице Заев.

Тошевски тврди дека плацот кој го ставил на продажба станал предмет на интерес на братот на премиерот, па се обидел на различни начини да го добие во своја сопственост. Другиот пак вели дека не го ни познава сопственикот на плацот, и дека никогаш немал намера да го купи.

Киро Тошевски, бизнисмен, кој на јавноста и е познат по дуелот кој го имаше со бизнисменот Зоран Азманов, го обвинува братот на премиерот Зоран Заев, Вице Заев за рекетирање во обид, за атрактивен плац во Скопје.

Како што објави „Инфомакс“  се работи за локација на која Вице сакал да направи болница, но не сакал да ја плати полната цена за локацијата која изнесувала околу 4 милиони евра.

Кога со понуда кај Тошевски дошол адвокатот на Заев, бизнисменот ја одбил понудата која била прениска. Оттогаш па наваму, Тошевски добивал понуди за истиот плац од луѓе кои тој смета дека се блиски до Вице Заев, за што тој претпоставувал дека се јатаци на братот на првиот човек на Владата. Откако Тошевски не попуштил, на неговата сметка легнале 1.8 милиони евра како позајмица, пари кои тој не ги побарал од никого. Според Тошевски, станувало збор за обид да се одземе локацијата од негово владение за 1.8 милиони евра, на начин што при извршување на долгот, заинтересираните би се јавиле како исплаќачи на позајмицата која потоа би паднала во нивно владение.

Кулминацијата настанала кога по исказот на бизнисменот Киро Тошевски во Обвинителството за Организиран криминал добил повик од Вице Заев, кој во шестминутен разговор успеал да му упати закани по животот, а останатиот дел од разговорот бил сведен на пцовки. За ова, Тошевски го известил и премиерот, кој пак му рекол се што има да објави и доколку неговиот брат е вмешан ќе си одговара, а дека и тој самиот ќе го „скара“ неговиот брат. Но, доколку не е, бизнисменот ќе добие тужби од Вице и од Зоран Заев.

Вице Заев пак, демантира дека се познава со Тошевски.

Точно е дека вчера по претходно добиени пораки на ‘Телеграм’, од за мене непознато лице со иницијали К.Т. , кои пораки исто така беа со непозната содржина, па од интерес да видам да не случајно е грешка човекот го побарав и имавме разговор, потврдил Вице Заев за „Инфомакс“, но додал дека разговорот траел кратко затоа што човекот (Тошевски) изнел куп лаги и клевети против него.

Разговорот траеше кратко од причина што човекот изнесе еден куп лаги и клевети против мене, а вистината е дека јас лично со него ниту писмено ниту усно сум разговарал или договарал за она за што конкретно ме посочува мене. Ниту пак знам кој имот продавал човекот и на кој начин сум виновен, објаснува Вице Заев.

Од тие причини, како и од причина што неколку пати го спомена мојот брат како демек од почит кон него не ја обзнанувал вистината, го замолив повеќе да не ми додева и се што  поседува, ако воопшто поседува, да го приложи или на истражните органи или на медиуми како што се закануваше. Истовремено му реков дека ќе го пријавам во полиција за вознемирување и заканување бидејќи односот му беше хаотичен, спомнуваше нешто неврзано и вознемирувачко, објаснува за „Инфомакс“ братот на премиерот, Вице Заев.

Тој додава дека во овој период било во „мода“ да се појавуваат луѓе чија цел е да го оцрнат неговото, и името на неговиот брат Зоран Заев.

Видете, во периодот е во мода да се појавува по некој кој нормално од разни причини ќе сака да го оцрни моето име или името на мојот брат но вистината секогаш излегува на виделина, така ќе биде и со ова, вели Заев во изјава за „Инфомакс“.

Случајот е пријавен и се води истражна остапка во Обвинителството за организиран криминал, каде Тошевски во текот на вчерашниот ден дал и исказ.

 

извор Инфомакс

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата