Канје сака легално да го промени името, во игра е ХРИСТИЈАНСКИ ГЕНИЈ МИЛИЈАРДЕР

9.11.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Канје сака легално да го промени името, во игра е ХРИСТИЈАНСКИ ГЕНИЈ МИЛИЈАРДЕР

Неодамна Канје Вест размислуваше да престане со рапување, затоа што тоа се коси со неговата новопронајдена духовна страна. Раперот целосно се посвети на црквата и верата, а сега размислува и во тој правец да го промени своето име.

За време на Фестиваот за иновации орфанизиран од „Фест компани“ во вторникот, каде Вест беше еден од говорниците, пред публиката откри дека сака и легално да си го промеи името. Како што кажа, размислува за името Христијански Гениј Милијардер Канје Вест.

Тој кажа и дека планира да се кандидира за претседател на изборите во 2024. Kaко што пренесува „Пејџ сикс“ тој тоа го кажал театрално, како голема и важна најава, но наместо сериозни реакции, публиката почнала да се смее, а раперот останал само бледо и долго да гледа во нив и да молчи.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата