ЧУДО ВО МАНАСТИРОТ ТУМАН: Момче од Скопје излечено од рак по молитва крај моштите на Св. Зосим, лекарите во Турција во шок (ВИДЕО)

9.11.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ЧУДО ВО МАНАСТИРОТ ТУМАН: Момче од Скопје излечено од рак по молитва крај моштите на Св. Зосим, лекарите во Турција во шок (ВИДЕО)

Ново чудо се случило во манастирот Туман кај Голубац, во Србија, пренесува Курир.рс. Откако на ова свето место, на Митровден, монахот прочитал молитва крај моштите на Св. Зосим, 15-годишно момче Драган од Скопје, кое боледувало од малиген тумор на бубрег, болеста се повлекла.

Момчето неодамна било во Турција, за да го оперираат од туморот кој метастазирал.

Меѓутоа, денес докторите останале запрепастени кога при двапати направен преглед со магнетна резонанса утврдиле дека туморот исчезнал.

 

Медиумите неведуваат дека ова е трето чудо во манастирот. Првото се случило на света Петка, второто на свети Лука и третото сега на Митровден, кога со помош на молитва се излечил од тешка болест 15- годишниот Драган.

Погледнете го сведочењето на неговата мајка Валентина Сандиќ од Скопје:

 

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата