Германија засекогаш ќе му биде благодарна на Советскиот сојуз бидејќи не застанал на патот на мирна револуција во Источна Германија 1989 година, изјавил германскиот амбасадор во Русија Геза Андреаз фон Хајр по повод 30. годинина од рушење на Берлинскиот ѕид.

“Засекогаш ќе му бидеме благодарни на Советскиот сојуз. СССР одигра одлучувачка улога за падот на Берлинскиот ѕид, како и промените во Источна Германија со обзир на тоа дека се помина мирно и без примена на сила“, истакнал тој.

Исто така истакнал и дека се поклонува пред сите оние кои таа година покажале храброст и ентузијазам по мирен пар да стават точка на сите угнетувања.

“Денеска мора да бидеме внимателни, дури и во ек на сите несогласувања, ништо неможе да се спореди со оние времиња во кои живееле надите во Европа за време на Студената војна“ – заклучил амбасадорот.

Како за потесетување, Германија одбележува 30 години од паѓање на Берлинскиот ѕид, кое довело до обединување на Германија и кое служи како симбол за крај на Студената војна.

Истовремено, германските власти испратиле покана до Русија да учествува во прославата по повод 30. години од рушење на Берлинскиот ѕид, додека руското МНР потврдило дека на тој јубилеј ќе присуствува амбасадорот на Русија во Германија.

 

Најчитани вести