Ова се најдобрите „мали“ телефони во 2019. година

9.11.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ова се најдобрите „мали“ телефони во 2019. година

Димензиите на екраните на паметните телефони, а со самото тоа и уредите, со секоја нова генерација стануваат се поголеми.

Моделите, кои се уште, со оглед на нивните димензии ги сметаме за “компактни”, се менуваат со уреди со се поголеми димензии, а тоа е нешто што на многумина не им се допаѓа.

Иако, од време на време, се најавува некој нов “малечок”, факт е дека паметните телефони со мали димензии полека умираат.

Недостигот на компактни телефони, ја променил и дефиницијата на тие уреди, поради што, во се поголема мера средните телефони стануваат мали.

Меѓу моделите кои на пазарот се појавиле во текот на оваа година, редакцијата на сајтот Phone Arena избрала, по нивно мислење, најдобри мали телефони.

iPhone 11 Pro

Ако сте во можност да си го дозволите, нема да зажалите. iPhone 11 Pro е еден од најдобрите уреди во оваа класа. Траењето на батеријата е подолго од кај претходните модели, а додадена му ултра широка камера и Night Mode режим на снимање.

Димензии: 144 x 71,4 x 8,1 mm

Google Pixel 4

Pixel 4 е веројатно еден од најдобрите компакт телефони во овој момент. Работи на Snapdragon 855 чипсет, а Google му додал уште неколку подобрувања, како што се 3D face unlock и нов екран со освежување од 90Hz.

Димензии: 147,1 x 68,8 x 8,2 mm

Samsung Galaxy S10e

Во овогодинешната S10 серија, Samsung вовел телефон посебно дизајниран за оние кои сакаат уреди со мали димензии. Galaxy S10e го има педигрето на своите постари браќа, но е направен со нешто повеќе компромиси, па така му недостасува телефото камера и сензор за отпечаток на прст под екранот. Тоа, меѓутоа, што најмногу им се допаѓа кај “малиот” Galaxy – е целосно рамниот екран.

Димензии: 142,2 x 69,9 x 7,9 mm

Sony Xperia 5

Xperia 5 навистина се труди да остане во границите на компактните модели, а во тоа најмногу и помага една димензија – телефонот е многу тенок. Од друга страна, премногу е долг за оваа категорија.

Инаку, Sony, кај новата генерација, го унапредил дизајнот на своите Xperia телефони. Петката доаѓа со систем од три камери на задниот дел и исто така, работи со моќниот Snapdragon 855.

Димензии: 158 x 68 x 8,2 mm

Извор: B92.net

извор: USB.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата