ТОП ДЕСЕТ МАКЕДОНСКИ ИНФОРМАТИВНИ ПОРТАЛИ: Овие ги создаваат вестите и јавното мислење

8.11.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ТОП ДЕСЕТ МАКЕДОНСКИ ИНФОРМАТИВНИ ПОРТАЛИ: Овие ги создаваат вестите и јавното мислење

За јавноста е исклучително важно да има прецизен увид во рејтингот на информативните портали кои секојдневно ги читаат граѓаните во Македонија. Од рејтингот јасно се гледа кој информативен портал привлекува интерес и добива доверба во вестите, информациите кои ги објавува.

Притоа, исто толку важно е кој ги следи тие резултати, кој ги мери. Во светот постојат само неколку референтни глобални системи за следење на читаност на сајтовите кои се релевантни за најголемите компании, маркетинг агенции, за читателите од развиениот економски и дигитален свет. За најрепрезентативни јавно достапни и компаративни системи за мерење на рејтинзите на порталите се сметаат американскиот Alexa.com и американско-израелскиот систем Similarweb.com.

Ова се резултатите според јавно достапнитe мерења на Similarweb.com за десктоп рејтинзи на најдобрите десет македонски информативни портали во Октомври 2019 година.

Критериумот за рејтинг е логичен – бројот на прочитани вести, страни на посетителите на македонските информативни портали.

 

Портал

Посети месечно

Број на отв.страни

Вкупно страни

1

Kurir.mk

1,31 милиони

2.81

3.68 мил. страни

2

Vecer.mk

911 илјади

3,52

3,2

3

Plusinfo.mk

1,10 милиони

2,94

3,2

4

Republika.mk

792 илјади

2,53

2.0

5

Mkd.mk

880

2,3

2,0

6

Fokus.mk

891

1,89

1,5

7

Sloboden pecat.mk

790

2

1,5

8

Press.mk

690

2,17

1,49

9

Infomaks.mk

619

2,36

1,46

10

Libertas.mk

687

2,90

1,43

Според последните јавно достапни анализи на Агенцијата за медиуми околу 40% од информациите македонските граѓани ги добиваат преку интернет порталите, а околу 60% од телевизиите. Овој сооднос секоја година се менува во полза на порталите но, Македонија заостанува зад развиените држави во Европа, па и зад Словенија, Хрватска и Србија каде граѓаните дури 55-62% од информациите ги добиваат од информативните портали, а 38-45% од телевизиите.

Накусо, во Европа, Словенија, Хрватска и Србија компјутерот и телефонот се главни извори на информации добиени од порталите, а во Македонија се уште половина од граѓаните чекаат што ќе им кажат навечер од телевизија. Лидери меѓу информативните портали во регионов се хрватскиот Index.hr и белградскиот Blic.rs кој има околу 50 милиони посети месечно со 3,36 прочитани страни од секој посетител што дава резултат од 168 милиони прочитани вести/страни на Blic.rs во месец октомври 2019 година. Лидер е Index.hr кој во октомври има околу 44,8 милиони посети, со 4,84 прочитани вести/страни од секој посетител што, на крај, значи дена читателите прочитале 216 милиони пати вести/информации од тој портал.

Овие два портали, поединечно, имаат повеќе прочитани вести отколку сите портали заедно во Македонија, колку и да ги има. Но, и ние полека одиме кон тие трендови и информациите ги бараме онаму каде што се појавуваат први, на порталите.

Кога се рејтинзите во прашање верувајте им само на проверените, глобални сервиси за мерење на сајтовите кои не познаваат категорија пријатели, партиски врски, економски зависности од маркетинг агенции и компании... туку мерат низ цел свет, објективно и со врвни технологии, за разлика од локалните. По старите добри навики за манипулација со информациите и јавното мислење во Македонија се турка локaлна фирма за мерење рејтинзи предлагана од ЗНМ што е и коруптивно и компромитирнo како намера уште во стартот. Зошто некој би верувал на локална мала компанија со врски во локални марекетинг агенции, фирми па и политички партии, со скромни технологии, а не на светски систем кој е добар за сите. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата