Надлежните тврдат: Состојбата во „Охис“ е под контрола, нема место за паника

8.11.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Надлежните тврдат: Состојбата во „Охис“ е под контрола, нема место за паника

Министерството за животна средина и просторно планирање согласно последните информации добиени од надлежните инспекциски служби, информира дека состојбата во Охис е целосно под контрола и дека нема место за паника.

„Имено, излевање на вода при перење на празна цистерна поради пукање на вентил се случило во бетонска када чија функција е безбедносна, токму при вакви случаи. Во моментов излеаната течност е целосно собрана, а кадата е покриена со пилевина за да се соберат евентуалните остатоци од течноста. Пилевината ќе биде собрана во текот на утрешниот ден и соодветно, безбедно одстранета во специјални буриња за таква намена. Надзорот на локацијата ќе продолжи и утре“, се наведува во соопштението.

Случајот со излевањето на цистерната од ОХИС во МВР го пријавиле граѓани што почувствувале главоболки, печење во грлото и очите. Тие веднаш за случајот ја информирале и скопската полиција по што попладнево беше извршен увид на местото на инцидентот, а беше повикана и Единицата за атомска, биолошка и хемиска одбрана на АРМ.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата