Српскиот член на Претседателството на Босна и Херцеговина, Милорад Додик изјави дека му е благодарен на францускиот претседател Емануел Макрон за неговата изјава дека БиХ е „темпирана бомба“ и претставува опасност за Европската Унија поради исламскиот тероризам.

„Му благодарам на претседателот Макрон што на светската, но и на својата јавност му ја соопшти вистината на која подолго време укажувам, кога е во прашање БиХ, а поради што трпев критики од некои од меѓународната заедница, на кои не им одговараше вистината за состојбата во БиХ“, вели Додик. Тој додаде дека Макрон признал дека уредувањето на БиХ претставува опасност за ЕУ поради исламскиот тероризам и џихадистите кои се регрутирани во БиХ а војувале во Сирија, Ирак и други земји и сега се враќаат во земјата.

извор: Makfax

Најчитани вести