ТИТАНИК ТОНЕ: Сведоците на Лиле Стефанова со контроверзни и контрадикторни одговори

8.11.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ТИТАНИК ТОНЕ: Сведоците на Лиле Стефанова со контроверзни и контрадикторни одговори

Продолжуваат контроверзиите и контрадикторностите на сведоците на обвинителката Лиле Стефанова во случајот Титаник. Денешните сведочења беа целосно спротивни на тезите од Стефанова или целосно се разликуваа од претходните сведочења на истите сведоци.

Имено, сведокот  Виолета Димитровска изнесе период на работење април 2014 -април 2015 што е целосно различен период за кој се однесува обвинителниот акт, а тоа е октомври 2012 - март 2013 година, додека на тоа дали добила усна наредна за вршење незаконски дејствија изјави дека го почитувала законот за државјанство и останатите прописи.

Во текот на сведочењето, Димитровска три пати смени став во вкрстените прашања на одбраната по однос на тоа дали постапила или не по некаков законски исклучок од постапката за добивање македонско државјанство.

Сведокот Оливера Димчова, пак, која во предметниот период на случајот била советник за издавање на лични карти и пасоши не знаеше колку наводно спорни документи биле издадени. На прашањето пак дали воопшто ја проверила наредбата од претпоставената Јадранка Гулевска дека насоката за вадење на личнк карти ја добила од Кабинетот на министерот одговори: Не, слепо и верував на Јадранка, дека добила насоки од погоре. Воедно таа исто така одговори и дека немала контакт со обвинетите.

Сведокот Дафинка Петковска која во 2012 и 2013 била референт за определување матичен број кажа дека ургенции за  побрзо определување на матичен број добивале од колеги, началници, лекари, професори, буквално од сите како и од колегата од матично Мунир Пепиќ. Ургенцијата била за забрзување на постапката за издавање матичен број и се случила само еднаш.

Сведокот Енес Али се движеше на раб на лажно сведочење поради предочувањето дека бил на замена во пунктот Беко за лични карти поради боледување на колегата Ферху Сали кој пак не потврди дека на крајот на 2012 бил на боледување туку дека во февруари 2013 користел годишен одмор.  прашањето дали во барањата за лична карта на странките стоела адресата на која странката планира да живее одговори потврдно со што во целост го разби тврдењето на сведокот Јадранка Гулевска дека адресите за странките ги добивала од обвинетите.

Сведокот Ферху Сали пак во целост ги поби тврдењата на Стефанова во обвинителниот акт. Како одговорен во пунктот Беко истакна дека добил насока од Јадранка Гулевска да ги слика лицата кои биле државјани на Република Македонија, а во системот се воделе како дијаспора. Таа наредба ја добил откако од сведокот Оливера Димчева бил упатен на началничката Гулевска. Откако се сретнал со Гулевска истата му рекла: ЈАС СТОЈАМ ЗАД ОВАА РАБОТА, НЕ СЕ СЕКИРАЈ. Воедно посочи дека ниту едно лице не било во продружба на Пепиќ или обвинетите.

Притоа кога кажа дека претходно давал исказ кај Стефанова како обвинет, односно дека не сводчи за прв пат пред неа, Стефанова видно нервозна постави хипотетичко прашање кое судот го одби како шпекулативно бидејќи сведокот може да одговара само на настани кои ги видел, чуле и се случиле.

Овие сведочења се контрадикторни сами по себе и се разликуваат од сведочењето на претпоставената Гулевска. Сведоците иако споменуваат исклучоци во работењето, потенцираат дека целиот работен век постапувале согласно законските процедури.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата